Вести Свет Топ вести

Финска и Шведска ги предадоа апликациите за влез во НАТО

Шведскиот и финскиот амбасадор официјално ги доставија своите апликации за членство во НАТО до генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Прифаќајќи ги апликациите во седиштето на НАТО, Столтенберг изјави дека потегот е „историски чекор“ во „критичен момент“ за европската безбедност.

Шефот на НАТО истакна дека Алијансата ќе ја процени кандидатурата за членство што е можно побрзо, но безбедносните интереси на сите сојузници „мора да се земат предвид“.

Со тоа е отворен патот за почеток на процесот на приклучување на двете скандинавски земји во воениот сојуз, кој, како што се вели од дипломатски кругови, не би требало да биде подолг од неколку недели. Ратификацијата од страна на 30-те парламенти на земјите членки, пак, според дипломатите, би траела најверојатно една година. Досега Турција отфрла приклучување на Финска и Шведска во Алијансата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Kолку е безбедна водата што ја користи Специјализираната болница за белодробни заболувања во село Лешок?

Kristina Kuzmanovski

Филмот на Срѓан Јаниќијевиќ „ Нема да ви се верува што се случи претходно“ во натпреварувачката програма на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Мицкоски: Очекуваме чиста вода за пиење во Гостивар до крајот на следната недела

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе