Шведската министерка за надворешни работи ја потпиша апликација за влез на земјата во НАТО. А и финскиот парламент денеска ќе гласа за барањето за приклучување на земјава во Алијансата.
Претходно Норвешка, Данска и Исланд ветија дека ќе им помогнат на Финска и Шведска доколку овие земји бидат нападни за време на пристапувањето во НАТО Алијансата.
Турскиот претседател Ердоган повтори дека неговата земја нема да одобри влез на Шведска и Финска во НАТО, и покрај тоа што Шведска прати дипломати во Анкара за да го разубедат.
Ердоган останува на ставот дека не им верува и на двете земји затоа што се уште немаат јасен став за курдските милитанти кои ги поддржуваат, а кои Турција ги смета за терористи.
