Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук денеска изјави дека 50 жени, деца и постари лица се евакуирани од фабриката за челик Азовстал во Мариупол.
Таа истовремено ја обвини Русија дека постојано го крши локалниот прекин на огнот и додаде дека евакуацијата е исклучително бавна поради тоа.
Во размената со Русија вратени се 41 затвореник.
- Русија предаде 41 затвореник, меѓу кои 28 војници во размената на затвореници со Украина, изјави денеска вицепремиерката Верешчук.
Таа на Телеграм напиша дека и е „особено драго што меѓу оние кои се вратени во Украина е и високиот претставник на Украинската православна црква“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
