Вести Македонија Најважни

Во ЕУ се уште има дилема дали билатералниот спор со Бугарија да биде услов за Македонија

Се уште нема финализиран текст на преговарачката рамка на ЕУ за Македонија и се уште има дилеми меѓу земји-членки што таа ќе содржи. Дилемата,  како што рече денеска шефот на дипломатијата, Бујар Османи, е дали билатералните прашања треба да бидат дел од рамката, на што инсистира Бугарија, но не откри кои други земји освен Софија се на таа линија. Сепак, Османи вели дека повеќетето од земјите се свесни дека доколку се вметнат билатералните прашања во преговарачката рамка за Македонија, тоа ќе биде преседан и за во иднина.

За јуни пак како реален рок за постигнување на договор, и во ЕУ за преговарачката рамка, но и меѓу Македонија и Бугарија, Османи со став, дека за рокови не може да зборува оти Македонија не е таа која одлучува.

„Топката повеќе не е во нашиот двор. Топката е во Софија и во Брисел. Дали тие ќе одлучат да преземат стратешко лидерство во овие моменти или не е нивно и нивна одговорност, ако биде или не биде. Јас знам и ќе го повторам тоа што сум го кажал, дека понатаму ќе има се помалку енергија овде, а и поддршка, од граѓаните, за да може да се посветиме целосно на ова тема, затоа што премногу вложуваме енергија во ова прашање“, рече Османи.

Но дека постојат шанси до јуни да се придвижат работите посредно потврди Османи одговарајќи на тоа со каков предлог минатата недела еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи дојде во Македонија, откако претоходно беше во Софија.

„Се разменуваа некои инструменти, некои идеи како да се надминат овие разлики по однос на содржината на преговарачката рамка. Мислам дека имаше и конструктивни размислувања во тој правец, меѓутоа не сум во состојба тука да ги кажам, бидејќи се  уште се само дел од некои размислувања“, рече Османи.

За процесот на проширување со порака до Софија – да не го држи процесот во заложништво денеска стигна и од литванскиот шеф на дипломатијата кој беше во работна посета на земјава.

„Сметам дека е крајно време, земјите-членки на ЕУ, не само нејзините институции да почнат да поставуваат прашања за тоа кои се вистинските мотиви за поставување нови барања до Скопје да се придржува до новите барања. И сметам дека ниедна земја не може да го држи целиот пристапен процес, целиот принцип на отворени врати, во заложништво“, порача Габриелиус Ландсбергис, министер за надворешни работи на Литванија.

Според Ландсбергис Европската унија се обврзала кон регионот и треба да ги исполни тоа.

Литванскиот минитер денеска и со став дека не постои подобро време кога европските вредности биле ставени на тест и оти Унијата сега се наоѓа на крстопат кога треба да реши дали ќе го урне својот кредибилитет или ќе излезе од тоа посилна.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата не го прифаќа извинувањето на Мицкоски, бара санкција за Стоилковиќ

Дејан Дејан

Ревизија алармира за Комунална хигиена – граѓаните ја потврдуваат лошата состојба

Tea Dimkovska

Со наполнети 18 години, кацига и без второ лице, вака од денеска смее да се вози тротинет

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе