Вести Свет

Во гранатираната зграда во Одеса загинаа мајка и нејзиното бебе, таткото постави нивна фотографија

Мајка и три месечно бебе беа меѓу осуммината загинати во вчерашното гранатирање од Русија на станбена зграда во Одеса.

Нејзиниот сопруг и татко на бебето на Твитер сподели фотографија од мајката и ќерката, која потоа почнаа да ја споделуваат и новинарите. Украинската дописничка за Би-Би-Си, Мирослава Петса под фотографијата напиша дека мајката се викала Валерија, а нејзиното новороденче кое живееше само три месеци се викало Кира.

И покрај војната перидт по ражањето на Кира на Валерија и донел ново ниво на среќа, пишува новинарката.

Украинскиот престедател Зеленски вчера пред новинарите не штедеше зборови за нападот во Одеса. Видно бесен и лут тој рече дека бебето имало само еден месец кога почнала војната, а напаѓачите ги нарече „копилиња“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица загинаа во невремето во Албанија

Sasko Dimovski

Масовна тепачка на патници во авион за Ливерпул – капетанот бил принуден да се врати на Тенерифе

Sasko Dimovski

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе