Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно повика на средба со неговиот руски колега Владимир Путин „за да се стави крај на војната“.
„Мислам дека тој што ја започна оваа војна ќе може да ја заврши“, рече Зеленски на прес-конференција во метро станицата во центарот на Киев, повторувајќи дека „не се плаши“ да се сретне со Путин доколку тоа доведе до мировен договор меѓу Русија и Украина.
Сепак, Зеленски беше јасен во своето убедување дека сите преговори ќе бидат прекинати доколку руските војници ги убијат или на друг начин им наштетат на опколените украински војници во Мариупол.
Украинскиот претседател рече дека утре во Киев ќе се сретне со американскиот државен секретар Антони Блинкен и со секретарот за одбрана Лојд Остин.
Белата куќа одби да коментира за можната посета на Блинкен и Остин во Киев.
