Вести Македонија Топ вести

Русковска подготвува обвинение, Мијалков се жали за замрзнатиот имот

Обвинителката за борба против организиран криминал  Вилма Русковска побара, Мијалков напишал жалба против одлуката замрзнувањето на имотот на трети лица, Кривичниот совет најдоцна до вторник треба да одлучи по жалбата дали фирмите, удделите и капиталот со кој се поврзува поранешниот шеф на тајната полиција ќе се замрзне.

Одбраната, пак, на Сашо Мијалков одлуката на обвинителството ја примиле изненедни, бидејќи не очекувале за истрага стара неколку години да се превземаат мерки дури сега. Чудно е што се води истрага толку долго и до сега намало ниту индиции, ниту доказ дека со имотот се располага на било каков начин, дека се оттуѓува и располага.

Поради непријатното искуство со случајот „Трансмет“ а заради нивните грешки без никакви докази се само дел од наводите во жалбата, откриваат адвоактите.

Хотелот „Мериот“, куќата на Сашо Мијалков на Водно, каде полицијата не го најде, се само дел од долгиот список на обвинителката Русковска која се сомнева дека овој имот може да биде оттуѓен.

Одлуката е од предметот „Империја“ за кој таа очекува да заврши со обвинение. Освен живеалишта и луксузен имот, предмет за заплена е и дел од имотот кој е даден како гаранција за Мијалков да излезе од притвор.

Тенденција наместо правна оправданост е барањето за замрзнување имот, акции и удели бидејќи до сега Мијалкво не бил повикан за исказ за да се проверат сомнежите дали тој на некој начин планира да го оттучува имотот, наведува одбраната.

Сепак причината за ваквото барање е поради сомнежи дека повторно осомничените во „Империја“ ќе се обидат да извршат пренесување на сопственоста на имотот, кој според обвинителството е стекнат или создаден со кривично дело.

Случајот Империја сѐ уште е во истрага, а од обвинителството не соопштуваат кога ќе биде поднесено обвинение. Во Империја меѓу осомничените се Сашо Мијалков и Орце Камчев. Двајцата дадоа гаранција пред Нова година за да излезат од притвор. Издвоија по над 11 милиони евра во недвижности, акции, имот и пари.

„Империја“ е предмет кој СЈО го почна последен да го истражува. Важи за најобмеен и со насјложени финансиски шеми под сомнеж за перење пари. „Империја“ е поврзани со предметот „Рекет“ за кој наводно Камчев дал пари за услуги и информации, но ги снимал Боки 13 и и Јанева за што добија неколкугодишни казни.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку пет загинати и седум повредени – израелски тенкисти по грешка гаѓале израелски падобранци

Дејан Дејан

Стабилна состојба, но сериозна – словачкиот премиер Фицо е на интензивна нега по обидот за атентат и петчасовната операција

Дејан Дејан

Палевски во затворот во Шутка дошол со куфер, евра и лири

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе