Вести Македонија Најважни

Смртта на 27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот сепак е резултат на насилство – две лица се приведени, се трага по уште едно лице

Насилна смрт. Докторите од Судска медицина ги разрешија дилемите во јавноста, откако обдукцијата покажа дека удар во главата, односно повреда на мозокот е причина за смртта на 27-годишниот ракометар од Хрватска, кој вчераутро почина на скопските клиники. Тот немал видливи повреди по лицето и телото, но имал тешка внатрешна повреда.

Потврда за ова добивме и од Скопското обвинителство, кои се веќе усно известени.

„„Се работи за насилна смрт. Обвинителството ќе реагира, се чека писмено исвестување и другата документација за да се отвори предмет. Квалификацијата на делото ќе зависи од доказите, дали ќе биде убиство или насилство со смртни последици„, велат од  скопското Јавно обвинителство.

Инволвирани се три лица, од кои две, дечко и девојка,  се веќе приведени, а третиот е во бегство.

За случајот се обезбедени и видео снимки, од кои се гледа дека, сега починатиот и останатите учесници во инцидентот биле во исто друштво во ноќен клуб во парк. Кога тргнале да си одат, настанала тепачка, по што Тот паднал во бессознание, а останатите си заминале.

Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош.

Случајот доведе до многу шпекулации, особено откако директорката на Карил даде изјава дека на телото нема видливи повреди.

Вчера реагираше дури и брат му, со објава на фејсбук дека новинарите шират дезинформации, дека немало никаква тепачка и дека Денис починал од срцев удар.

Но, денешниот ден доведе до пресврт, односно потврда на првичните информации, дека смртта настанала во тепачка.

Хрватскиот ракометар играше во скопски „Бутел„.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе