Вести Македонија

Два дена пред генералниот штрајк на СОНК – родителите добиваат насоки како да постапуваат со своите деца

Два дена пред почетокот на генералниот штрајк што го најави СОНК на своето членство во училиштата и градинките, родителите добиваат насоки како да постапат со своите деца. Наставниците ќе дојдат во  училиште,  но нема да изведуваат настава, туку ќе бидат  во просторија определена за нив.

На родитeлите веќе им е соопштено  да не ги носат децата на школо, а оние  ученици кои  ќе дојдат, ќе бидат згрижени од лице задолжено за нив.

„На родителска средба ни е кажано дека во понеделник нема да има настава, а  доколку учениците сепак се појават во училиште, сите во една просторија   ќе бидат згрижени  од вработен во службите на училиштето и лица од општината“ вели родител

Министерството за труд и социјала денеска соопшти дека во сите предучилишни установи децата ќе бидат згрижени и за време на штрајкот. Од градинките велат дека со децата ќе бидат  воспитувачките кои нема да протестираат, но ниту едно дете нема да биде вратено дома.

„Најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи  е загарантирано право на работниците согласно  Уставот, а при  штрајк вработените се должни да обезбедат непречено згрижување  на децата од предучилишна возраст.“, се наведува во соопштението од Министерството за труд и социјална политика

Синдикатот за образование наука и култура донесе одлука за генерален штрјак на 29 март, по неколку неуспешни средби и преговори со Владата и ресорните за усогласување на платите во образованието со минималната плата на национално ниво.

Штрајкот во градинките, основните и средните училишта  започнува на 11 април и од СОНК велат дека ќе трае до исполнување на нивните барања.

Синдикатот бара  разбирање од родителите на учениците и убедени е дека нивната синдикална борба за остварување социјални права ќе вроди со плод.

Денеска добија поддршка и од Конфедерацијата на слободни синдикати, а писмо  со поддршка до СОНК пристигнаа и од Европската конфедерација на синдикати за образование.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе