Вести Македонија

Холштајн: Политиката на проширување на ЕУ сега е безбедносна политика

Политиката на проширување на Европската унија, повеќе од било кога, сега е безбедносна политика, на која ургентно треба да и се даде одлучен поттик за да продолжи. Ова денеска го соопшти германската амбасадорка во Македонија, Анке Холштајн, која во контекст на амортизирање на безбедносната закана и новата реалност која Русија и ја наметна на Европа со инвазијата врз Украина, посочи дека е потребно да започнат преговорите со Македонија и со Албанија, да се олесни визниот режим со Косово, да се направи поголем прогрес во преговорите со Црна Гора и Србија и да се обезбеди стабилност на Босна и Херцеговина, но при тоа Унијата треба да се води, како што рече Холштајм, според принципот – повеќе за повеќе, помалку за помалку.

„Северна Македонија е пример за нејзиното усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика носејќи го рамо до рома товарот од целиот сет на санкции со импликации на својот енергетски сектор, во земјоделието, со недостиг на ѓубриво и недостатоци на пазарот со храна и зеленчук. Солидарност и подршка од ЕУ е потребна за да се олесни таа да се справи со тоа“, рече Холштајн.

Сепак за германската амбасадорка проширувањето не е само, како што речи, фамозниот датум за старт на преговорите, туку повеќе е целосно внатрешен, долгтраен реформски процес.

„И ова е потребно да се забрза, за градење на постабилна демократија и земја поотпорна на влијанија од трети страни. Тука сведочиме на многу неверојатни успеси на руската пропаганда, најмногу преку српските медиуми и социјалните мрежи“, изјави германската амбасадорка.

А токму за влијанието кои доаѓаат од Русија, универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски, е на став дека тоа примарно е засновано преку ширење на дезинформации. Според него стратегијата на руските служби во тоа е флексибилна, со правење мрежи на влијание преку инфлитрирање во центри на одлучување како партии, бинзис елити, медиуми, невладин сектор, а кои мрежи би била ставена во функција на долг рок независно од геополитичкиот развој на ситуациијата во Македонија и во регионот.

„Руската православна црква е алатка во рацете на на руската разузнавачка служба и на оваа, модус операнди, операција и не случајно посочуваме и го фрламе фокусот дека и делот дека и членови на македонскиот Синод потенцијално се инволвирани во ваква операција“, рече Ѓуровски.

Контрамерка на ваквата операција на Русија во регионот според него би биле јасни оперативни процедури за расчистување на вмешаноста, но и подговка на општественото на хибридни закани, како и градење на нова безбедносна култура на вработените во државната и јавната администрациија.

Но освен она што треба да го направи државата да се заштити од руското влијание, Ѓуровски преку германската амбасадорка упати и порака до ЕУ да се разбуди и да сфати дека проблемот на регинот со руските разузнавачки службие е и нејзин проблем и оти регионот и во случај на хибридните закани, по мигрантите, ја брани безбедноста на Европа.

Тамара Грнчароска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп денеска ќе се сретне со Нетанјаху и Зеленски

Kristina Kuzmanovski

Притвор за 19-годишниот Танасковски за обид за убиство на Марко Љубиша Кан во Црна Гора

Дејан Дејан

Земјотрес со магнитуда од 7,1 степен го потресе Кумамото во Јапонија – издадено е и предупредување за цунами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе