Дваесет и четири градоначалници денеска ставија потпис на документот со кој се приклучуваат на проектот на УСАИД кој има за цел да ги зајекне и подобри капацитетите во локалната самопуправа за искористување на ресурсите а со тоа и подобрување на финансиското работење, менаџирање и пружање на услуги кон граѓаните. Со ова бројката на општини кои учествуваат во проектот ја достигна бројката од четириесет.
Од УСАИД очекуваат дека со овој проект ќе се подобри процесот на планирање на буџетот но и Владините капитални трансфери преку подобра координација меѓу локалната и централаната власт. Со поголема поддрша од донаторската заедница ќе се подобри животниот стандард и услугите конграѓаните.
Општините немаат капацитет бидејќиу немаат доволно и клаитетен кадар што директно влијае на лошо буџетирање и фискална недисциплина и поголеми долгови, смета професорот Треновски. Неговиот став е дека во последните неколку години има малку подобра дисциплина и реализација на планираните приходи и расход но очетноста и следење на индикаторите е клучно за државните институции и локалните власти.
Буџетска помош за подмирување на долговите на Општините, како што беше случајот минатата година, може да има но само откако ќе се утврди зошто и како настанале долговите.
Ревизијата на финансикото работење е голем проблем според Треновски. Внатрешната ревизија во општините е дервастиарана и половината општини во државата имаат внатрешни ревизори а тие даваат сигнал каде се погрешни процесите во општинитеа има општини кои досега никогаш не биле предмет на ревизија.
Огнен Чанчаревиќ
