Вести Македонија

Зибери: Државата мора побрзо да реагира затоа што се доведува во прашање функционирањето на правосудниот систем

Во текот на 2022 година сериозно ќе биде нарушена работата на правосудниот систем, предупредува Народниот правобранител Насер Зибери во Топ Тема на Телма, затоа што добиле информација дека на голем број од судиите и јавните обвинители им завршуваат функциите а Академијата за судии и јавни обвинители нема доволно капацитет да го надомести тој број.

И тоа автоматски, заедно со сегашната оптовареност на правосудниот систем, поготово судовите, ќе се доведе во прашање. И тука сигурно една од првите жртви ќе бидаттокму постапките кои се итни и за кои треба брзо да се реагира. Но за жал ситуацијата е таква, мислам дека многу брзо треба да се реагира. Мора Академијата за судии и јавни обвинители мора да има поголем капацитет за создавање на кадар. Аа од информациите и разговорите кои ги имам таму има сериозни проблеми и во однос на спроведување на конкурсите, и програмата за обука. Мора побрзо државата да реагира, судството да се консолидира, да не дојде до наталожување на предмети, да не дојде до судење надвор од законски предвиден рок и полека да се врати довербата на граѓаните, затоа што таа навистина е алармантна, вели Зибери.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе