Народниот правобранител Насер Зибери, во вечерашната Топ Тема на Телма, откри дека многу помал е бројот на државни институции со кои Омбдусманот има одлична соработка. „Кај некооперативните е поголема конкуренцијата“, иронично рече Зибери, пред да додаде дека народниот правобранител направил анализа како соработуваат органите на управата и другите инсититуции со Народниот правобранител, и дошле до фрапантни резултати.
Само една третина од институциите одговараат во законски предвидениот рок на обраќањата на нардниот правобранител. Околу една третина на иснтитуциите одговараат на наштие барања дури по неколкукратна ургеницја, дека го прекршуваат законот, дека ја попречуваат работата на Народниот правобранител, што претставува казненено дело. Околу 10 посто воопшто не одговараат на обраќањата на Народниот правобранител. Меѓу органите кои послабо соработуваат има неколку министерства. Морам да ги издвојам Министерството за здравство, Министерството за транспор и врски, Министерството за труд и социјална политкка, делови од Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност, рече Зибери.
Зибери откри дека агенцијата за национална безбедност воопшто нема одговорено на вкупно 300 барања на Народниот правобранител.
Недозволиво е, иако во самиот закон за агенцијата се вели дека надзор врши надлежната собраниска комисија и народниот правобранител. Одговорот нивни е дека не сме надлежни за надзор врз сите надлежности на институцијата, рече Зибери.
Народниот правобранител соопшти дека минатата година поднеле 8 претставки за пречекорување на надлежностите од страна на лица со полициски овластувања. Кај две судот утврдил кривична одговорност, две им биле одбиени а по останатите четири сѐ уште се постапува.
