Вкупно три и пол години условна казна и еден милион денари парична казна. Толку пресуди струмичкиот суд за хелихоптерската несреќа од 2014 година во која загинаа четворица пилоти на МВР. Тогашната директорка на ЈП „Македонска радиодифузија“ доби условна казна од 2 години, додека техничкиот директор Драгослав Радески, а паричната казна треба да ја плати ЈАвното претпријатие Национална радиодифузија.
Според пресудата тие се товарат за тешки дела против општата сигурност по член 292 во врска со член 288 став два и еден и член 22 од Кривичниот закон. Казнетите се задолжени да ги платат судските трошоци и трошоците на оштетените.
Обвинителството најави жалба на оваа пресуда, кое ќе се жали на висината на изречената казна, но и осудените на изречената казна за која сметаат дека треба да е ослободителна.
На 10 јули ќе се наврѓат 8 години од трагичната несреќа. Несреќата се случи ноќта околу 22 часот во индустриската зона Север во Струмица, а експлозијата ја видоа многумина очевидци кои во тој момент се наоѓале во близина. Според нив хелихоптерот некое време кружел а потоа удрил во неосветлен антенски столб на радиодифузија.
Хелихоптерот бил на ноќно летање на релација Скопје-Кавадарци-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и обратно, имал опрема за ноќно летање и во текот на летот пилотите не пријавиле никаков проблем.
Хелихоптерот Ми-17 бил произведен 2008 година. Во несреќата загинаа пилотите Драган Мицев, Тоде Орешков, Ило Лопатички и Марјан Трајковиќ.
Сузана Мицева
