Со полчасовен протест пред Министерството за здравство, утре матичните лекари од цела држава повторно ќе го изразат своето незадоволство од немањето слух на здравствените власти за нивните потреби.
Ова ќе биде трет протест, откако по двата претходни, ниту едно од нивните барања не беше решено.
Претседателката на Здружението на приватни лекари на Македонија, Лилија Чолакова Дервишова вели дека, овој министер и неговиот заменик им се последна надеж, затоа што се од примарното и терцијарното здравство и ги разбираат нивните проблеми, но им порачува да настапат поцврсто кон Фондот и владата, приоритет да му се даде на примарното здравство.
