Повисоки плати за три илјади денари, подобри услови за работа, опрема и униформи и слух од раководството и Владата.
Ова се барањата на вработените во Пошта кои на 14 овој месец почнуваат со генерален штрајк кој ќе трање се додека не им се исполнат барањата.
Тие се незадоволни од состојбата во Пошти и загрижени за своите работни места и со тоа и егзистенцијата
Одлуката за стапување во генерален штрајк била донесна на 31 март откако директорот не го исполнил ветеното ниту пак средбата со надлежните во Владата.
Според Синдикатот, платите во Пошта не се покачени 30 години, куповната моќ на вработените е драстично намалена а 70 отсто од вработените имаат плата еднаква на минималната од 18.000 денари.
Тие бараат и итна набавка на основни технички средства за да може нормално да функционираат а со тоа и навремено да ги опслужуваат граѓаните.
Додека трае генералниот штрајк, бидејќи така налагаат законите, препорачаните судските пратки и пратките од безбедноста и одбрана ќе се сортираат и доставуваат но не и оние на граѓаните.
Претседателот на ССМ, Дарко Димовски го повика директорот на Пошти, да го реши проблемот со фантомските вработени, кои се околу двесте на број а кои редовно добиваат плата и не се појавуваат на работното место.
Според Димовски централната и локалната власт како и работодавачите купуваат време повикувајќи се на член 8 од Законот за минимална плата кој предвидува рок од 6 месеци да се усогласат или скалесто да се зголемат платите на останатите вработени.
Огнен Чанчаревиќ
