Вести Македонија Најважни

Аудио бомбите Камчев – Груевски не влегоа во судот, не биле законски прибавени

Адвокатите на обвинетите Никола Груевски и Орце Камчев во  предметот „Плацеви на Водно“ со различни барања. Судот пресече аудиоразговорите помеѓу нив двајца да не бидат докази во постапката. Тврдењето на одбраната на Камчев дека бил незаконски сниман во приватен разговор со Груевски судот го прифати и овие разгвори нема да бидат дел од судската постапка. Бомбите на диск ги испорача адвокатот на Никола Груевски и се обиде да ги понуди како докази.

„Разговорот е сниман со приватен мобилен телефон, тоа е законски. Секој може да снима разговор на својот телефон без да има потреба да обезбеди дозвола“, рече Петар Тимовски, адвокат на Никола Груевски.

Ако овие бомби станат докази тогаш барам и очeкувам сите бомби кои ги имаме да бидат докази категорична е обвинителка Лиле Стефанова.

„Груевски го снимал соговорникот без да му каже, што го прави незаконски. Но, според Европскиот суд за човекови слободи и права од Стразбур, кога се работи за повисок јавен интерес, ваквите докази треба да се прифатат. Но, таму нема јавен, има интерес само на Никола Груевски. Груевски ги имал уште во февруари, ги чувал и не ги предложил како доказ. Ако ги прифати судот овие јавно објавени разговори, тогаш и обвинителството бара да ги прифати судот како доказ јавно објавените разговори каде обвинетиот Груевски кажува дека нашол ‘земјиште за џабал’к’”, кажа обвинителката Лиле Стефанова.

Одбраната на Камчев и судечкиот совет се придржуваа на аргументот дека овие аудио разговори се прибавенби незаконски.  Од нивната содржина се слуша како „Поранешниот премиер Никола Груевски нема никаква врска со плацевите на Водно“. Ова го тврди бизнисменот Орце Камчев во февруари 21-ва, една година пред сведочењето дека вистинскиот сопственик е „бегалецот во Будимпешта“ и дека сите други актери само помагале ова да се прикрие. Обвинителката, Стефанова извојува во судницата, судот да и го прифати и предлогот за замрзнување на три станови со три помошни простории, имот со вкупна површина од над 700 метри квадратни во сопственост на фирмата на зетот на обвинетиот Орце Камчев во комплексот „Панорама резиденс“, кошто според исказот на Камчев биле чувани за Груевски како надокнда за земјиштетот на Водно. Сепак, Кривичното дело во предметот „Плацеви на Водно“ е перење пари. Обвинителката Лиле Стефанова настојува да докаже дека Груевски, злоупотребувајќи ги парите од партиската членарина, купува имот за 1,2 милиони евра. Во неколкугодишната постапка на „перењето пари“ и прикривање на сопственоста, му помагале бизнисменот Камчев, неговата мајка Ратка, кумот Новачевски, адвокатот Јосифовиќ и братучедот Сашо Мијалков. Доказната постапка заврши, а странките во предметот од наредното рочиште влегуваат во фазата завршни зборови, по што ќе се следи пресуда за предмтот.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кочоска: Јавниот долг е под контрола, а фискалната консолидација останува наш приоритет

Дејан Дејан

Загинаа 13 лица откако Пакистан го нападна Авганистан

Дејан Дејан

Во израелски воздушни напади во Јужен Либан убиени 17 лица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе