Бројот на жртви во сообраќајот минатата година е најмал во последните 15 години.
Лани имало 116 жртви во сообраќајни незгоди, а податоците од првото тримесечје годинава покажуваат дека трендот на намалување продолжува, оцени помошникот на министерот за внатрешни работи за односи со јавност, Тони Ангеловски на стартот на нова кампања, која почна од Охрид под мотото: „И јас и ти- сите сме пешаци! Безбедноста на прво место!“
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
