Вести Македонија

Одрон на патот Кичево-Охрид кај Малковец, сообраќајот се одвива по една лента

Поради одрон на карпа кај кичевското село Малковец, од попладнево од 18 часот сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид на ова место се одвива само по една коловозна лента.

Како што соопшти АМСМ на терен е излезена екипа на единицата за Безбедност на патниот сообраќај – Кичево.

На останатите патни правци сообраќајот се одвива непречено по наместа влажни коловози со умерен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од вторник, па во следните шест месеци регионалниот пат Струга – Дебар ќе биде целосно затворан за сообраќај во периодот од 10 до 14 часот, поради градежни активности за санација на свлечишта на кај селата Глобочица и Луково.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парното повторно поскапува, овој пат до 6 отсто – ќе се намалат ли проблемите оваа зима

Дејан Дејан

Стоилковиќ: Вандализам врз српско културно друштво во Куманово

Sasko Dimovski

Гостиварци може да се бањаат, не може да ја пијат водата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе