Министерството за надворешни работи на Бугарија е изненадено од бројката на лица кои се изјасниле како Бугари на пописот во земјава. Од таму велат дека со резерва ги земаат презентираните резултати, како и сомневањата за кредибилитетот и транспарентноста на процесот што ги истакнаа организациите на Бугарите во Македонија.
„Забележуваме драстична неусогласеност меѓу презентираните податоци и бројката од над 100.000 граѓани на Северна Македонија кои лично поднеле документи со кои се докажува бугарското потекло и самосвеста за добивање на бугарско државјанство. Очекуваме нивниот глас да допре до македонските власти“, соопшти бугарското МНР.
И кај нас не стивнуваат реакциите за тоа како е спроведен пописот. Владејачките партии апелираат да не се подгреваат меѓуетничките тензии во државата и пописот да не се претвори во политичка битка. Партиите на Албанците од опозицискиот блок тврдат дека законските и уставните права на Албанците треба да произлегуваат од бројот на жители кои се државјани на нашата земја а не по бројот на резидентното население. ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ и ДУИ за некомплетен попис
