Вести Македонија Топ вести

Турската и Бошњачката заедница со забелешки за бројките, Египќаните обвинуваат за асимилација

Реакциите по објавувањето на резултатите од пописот не стивнуваат. По партиите денеска се огласија и претставниците на помалите етнички заедници кои обвинуваат за нерегуларности, погрешен начин на попишување, па дури и асимилација.

Голем број на забелешки стигнаа од турската заедница, а се огласи и турското МНР. Така од Национално координативно тело за пописот на Турскиот народ се на ставот дека пописот е направен со погрешна методологија и мал број попишувачи – Турци, имало притисоци, а надлежните институции не одговориле на нивните барања. Турското МНР денеска официјално побара да се земат предвид забелешките на Националното тело.

Претставниците на турската заедница во земјава во текот на процесот упатија повеќе апели пописот да се спроведе правично, транспарентно и без никаков сомнеж. Резултатите од пописот покажаа дека тие повици, за жал, биле игнорирани, наведува Билгич во изјавата.

Резултатите од пописот се неприфатливи и за Бошњачкиот демократски сојуз кои тврдат дека граѓаните немале можност за вид во внесените податоци, граѓани биле поипишувани според претпоставки, а апликацијата за попишување често не функционирала што влијаело на бројката на Бошњаци кои живеат во дијаспората. Од партијата побараа да се утврдат неправилности и да се преиспитаат резултатите.

Со реакција се јавија и од Колаицијата за Египќани кои обвинија за административна асимилација.

Според официјалните резултати на пописот вкупно како Турци се изјасниле 83.443 граѓани или 3,98 отсто, 18.163 или 0,87 отсто се попишале како Боњаци а  како Египќани на пописот се изјасниле 2.406 лица.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Посредуваше за Пржинскиот договор, ќе посредува и во македонско-бугарскиот спор и ќе олеснува за уставните измени – Ванхојте се враќа во Македонија

Дејан Дејан

Два земјотреса на Тајван еден по друг со јачина над 5 степени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе