Во јавниот сектор во земјава заклучно со 31 декември лани биле вработени 132.088 лица во 1.346 институции. Повеќе од половината имаат најмалку високо образование.
Споредено со лани, има околу 900 вработени повеќе. Најголем дел вработените во јавниот сектор работат во образование.
Ова го покажува анализата на Годишниот извештај за вработените во јавниот сектор што денеска го презентираше министерот за информатичко општество.
Тој рече дека до 15 април сите вработени во јавната администрација ќе добијат минимум 18.000 денари плата, а за барањата на СОНК за минималната плата, вели дека со нив е во постојана комуникација.
