Вести Македонија Топ вести

ЕПИ и ИДСЦ предупредуваат дека преговори со ЕУ по секоја цена не се потребни

На Македонија не и треба започнување на преговори со ЕУ ако во нив се влезе со позиција, која во текот на преговорите, би оставила простор за идентитетски и историски ревизии. Вакво предупредување и препораки денеска стигна од Институт за европска политика и Институт за демократија, откако изминатиов период и македонските и бугарските, но и европските претставници се се поголеми оптимисти дека Скопје и Софија се движат по линија на постигнување договор за политичките прашања без кои Бугарија нема да дозволи старт на преговорите за земјава.

Какво и да е решението со Бугарија, тоа мора:

 

-Да биде врзано исклучиво со крајот на пристапниот процес, по ратификацијата на пристапниот договор меѓу ЕУ и Северна Македонија од сите субјекти (држави членки, ЕУ, Северна Македонија), вклучувајќи го и евентуалното внесување бугарско малцинство во Уставот;

 

– Да спречи можност за нови блокади на преговорите од страна на Бугарија врз основа на нејзиното толкување на Договорот; §

 

-Да има широка поддршка од јавноста и политичките субјекти;

 

-Да ги гарантира придобивките од Преспанскиот договор, велат од Институтот за демократија.

Документот кој го обработува бугарското вето за земјава, дава насоки за решавање на сите прашања поставени како услов од Бугарија, но и за идентитетот и јазикот на Македонците со препорака, Бугарија да се обврзе овие теми да не бидат услов во европската интеграција. Во контекст на јазик тие се децидни дека не смее да се дозволат измени на предложениот текст на Преговарачката рамка во која стои македонскиот јазик. Според нив, текстот на Пристапниот договор со ЕУ во однос на јазикот мора да биде идентичен како и за другите држави пристапнички.

За двете организации предуслов за одржливо решение за наметнатиот спор е Бугарија да ги повлече Рамковната позиција, изјавите и Објаснувачкиот меморандум, досега поднесени до Советот на ЕУ, кои, како што се наведува, грубо го негираат македонскиот идентитет и ја даваат рамката за толкување на какво и да е идно решение или нова бугарска позиција.

Во делот на уставните измени кои бугарија ги бара од Македонија за вметнување на бугарскотот малинцство во преамбулата, ЕПИ и ИДСЦ се на став:

Врвен ризик е секакво менување на Уставот на Република Северна Македонија, освен на самиот крај на пристапниот процес, односно по сите ратификации кога Бугарија нема да има можност за блокада. Бугарија инсистира на менување на Уставот во рана фаза на пристапувањето, затоа што тоа ѝ отвора можност за постојан притисок врз идентитетските прашања и за последователните барања, соопштуваат од Институтот за демократија.

Во делот на работата на историската комисија се препорачува таа да биде ослободена од диктат и ограничена со рокови, односно двете влади да може да дефинират што ќе прават кога ќе има резултати од работата на Комисијата, но не смее да се прифати обврска на резултат, а уште помалку временски рокови. Се предлага и решавањето на  употребата на терминот „фашистичи окупатор“ да беде дел од работата на историската комисија, а не на политички документ.

ЕПИ и ИДСЦ во документот реферираат и на начинот на кој договорот би вметнат во пристапниот процес на земјава. За нив недозволиво е внесување механизам за следење или спроведување на Договорот во преговарачката рамка, бидејќи тоа би и овозможило на Бугарија да бара исполнување на услови кои немаат никаква врска со правото на Европската Унија, што би го фрлило целиот реформски процес во сенка и би ги свело преговорите со Брисел на задоволување на барањата на Софија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Следува период на стабилно, сончево и топло време – Временска прогноза за 30.3.2024

Дејан Дејан

Над 20 повредени во автобуска несреќа во западна Германија

Дејан Дејан

Автобус падна од мост во Јужна Африка, загинаа 45 луѓе, преживеа само едно осумгодишно дете

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе