Работите меѓу Бугарија и Македонија во идниот период можат да се придвижат кон деблокирање на старот на преговорите на земјава со ЕУ, е ставот на австриската министерска за ЕУ и уставни прашања, Каролине Едштадлер, која денеска во Скопје, еден месец по нејзината псоета на Софија, изрази, како што рече, добро чуство дека билатералните проблеми ќе се решат.
На почетокот на февруари бев во Софија и морам да ви кажам дека станав многу поголем оптимист откако бев таму. Добив чуство дека премиерот Петков прави се што може овие теми и области кои што се отоворени, да ги реши. Има многу области кои што не прават оптимисти, особено билатералните средби, разговори, работните групи, еве и тука се преговара, се разговара, темите да се решат и затоа јас сум многу пооптимистична овде, рече Едштадлер.
Појаснување на што се должи оптимизмот не само на Едштадлер, но и на бугарскиот премиер Кирил Петков кој пред само два дена соопшти дека има напредок во работата на македонско-бугарската Комисија за историски прашања и најави интензивирање на разговорите меѓу двете земји, не стигна ни од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Во тој контекст Маричиќ се задржа на познатата реторика – дека кога ќе има конкретен документ околу кој двете страни се согласиле јавноста ќе биде информирана, а за напредокот постигнат во историската комисија посочи дека треба да го соопштат самите историчари.
Нам ни е важно да имаме достоинствено и фер решение кое што на никој начин нема да го загрози нашето право на самоопределување – македонскиот јазик и македонскиот идентитетж. За сите отворени прашања разговараме и сме подготвени да разговараме и наша цел е да најдеме достоинствено решение кое што ќе има јасни обврски на двете страни и на наша и на бугарска во односн на нимплементацијата на тоа што ќе бид едоговорено, рече Маричиќ.
Едштадлер која попладнево ќе одржи уште една прес-конференција, но со министерот за надворшени работи Бујар Османи, денеска и со повик до македонските граѓани, да не губат надеж и да веруваат во Европската унија која, како што рече ќе направи се да се направи слендиот чекор кон интегрирање за Западниот Балкан во Унијата, пред се на Македонија, која направила многу на тој пат. Едштадлер овој повик го стави во контекст намерата на Русија по инвазијата врз Украина да ја подели Европа, што Унијата не смее да го дозволи.
Тамара Грнчароска
