Советот на СОНК донесе едногласна Одлука за Генерален штрајк кој што ќе започне на 11 Април. Преговорите завршија без предлог од страна на Владата. Ова на Фејсбук го напиша претседателот на СОНК, Јаким Неделков.
Училиштата и градинките од 11 април нема да работат се до исполнувањето на барањата на СОНК – зголемување на платите во образованието за 18,5 отсто.
Неделков вели дека во владата на вчерашните преговори им рекле дека сме во економска криза, кризата со Украина и слично. Сепак, Неделков вели дека платите во образованието во просек од 25,000 денари не стигаат за задоволување на основните месечни потреби.
Во моментов, платите на вработените во градинките изнесуваат околу 23 000 денари, во основните училишта речиси 25 000, а во средните до 29 000. Со зголемувањето, највисоките би биле нешто под 35 000 денари.
Претходно, од Влада по вчерашната средба со претставници на СОНК соопштија дека ќе продолжи континуираниот дијалог, се додека не се најде конечно решение за зголемување на вработените во образовниот сектор.
