Вести Македонија

Од улица, повторно на улица – социјални случаи ќе останат без државните живеалишта, а власта вели ќе им најде работа

На само шест километри од центарот на Скопје, во село Визбегово – цела една депонија. Од остатоци од храна, па сè до парчиња облека кои висат од контејнерот, кој не е доволен за да го собере целиот отпад. А, на само неколку метри од ова, бројни човечки судбини. Овие луѓе живеат тука неколку години, но ќе треба да соберат сè што имаат и да се отселат. Барем така им велат надлежните.

Без ништо сакаат да нѐ извадат од домовите. Од улица нѐ земале, на улица сакаат да нѐ вратат. А, ние приватно си работиме, со шишиња, хартија, по контејнери, вели Ерџан Бекир.

—————————————

Нашите деца да одат и да просат пак?! Или да крадат?! Да нѝ ги затворат нашите деца?! Ние од тука не излегуваме па и со полиција ако сакаат нека дојдат. Не излегуваме, па што сакаат нека прават. Не излегуваме од тука, вели Дуди Асан.

Тоа што дел од луѓето овде работат и прибираат шишиња, ѓубре, рециклираат, препродаваат и што сè не прават – не значи дека можат да ги издржуваат семејствата и дека државата треба да се откаже од нив. Ова го велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права, заедно со тврдењето дека овие луѓе се обидуваат на секаков начин да се оттргнат од канџите на сиромаштијата.

Овие семејства се обидуваат да излезат од социјалниот ризик во којшто се наоѓаат. Нивните деца редовно го посетуваат училиштето, некои од луѓето работат приватно со секундарни суровини, некои и се вработени. На тој начин се обидуваат да обезбедат една економска стабилност и економска независност. Тоа не значи дека тие се способни и дека можат да живеат без поддршка во моментов и дека можат да ги издржуваат многудетните семејства на тој начин, вели Тона Карева, правна советничка во Хелсиншкиот комитет.

Но, од Труд и социјала потенцираат – Законот е јасен и луѓето коишто живеат овде не можат да гледаат на овие трошни државни градби како на нивно постојано живеалиште. Семејствата коишто имаат по некој вработен член веќе не се сметаат како да се од социјален ризик, без разлика на тоа колкава плата земаат.

Најголем дел од семејствата си имаат лични карти и адреси на живеење во различни општини во државата. Министерството за труд и социјална политика е надлежно за привремено згрижување, меѓутоа домувањето е во надлежност на општините. Со оглед на тоа дека овие домаќинства си имаат лични карти и адреса на живеење во соодветни општини, општините треба да си преземат дел од одговорноста, вели министерката Тренчевска.

Министерката за труд и социјала, вели дека новиот и промовиран Оперативен план за вработување предвидува токму за приматели на социјална помош да се најде работа. Но, не и дом. Луѓето овде остануваат барем уште некое време, додека да ги добијат Решенијата дека мора да ги напуштат сегашните живеалишта и некој не дојде да ги избрка.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

36 актуелни пратеници на новите листи на ВМРО – ДПМНЕ, Мицковски потврден од ИО и ЦК да води во едница- Извисија новите колициони партнери Богојевски, Трајанов и Ангелов за пратенички кандидати

Дејан Дејан

Двајца министри од грчката Влада поднесоа оставки- Мицотакис им се заблагодарил за соработката

Дејан Дејан

Ако Украина загуби, Путин нема да застане тука, Зеленски предупреди од голема руска офанзива наредните месеци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе