Продолжува континуиран дијалог за барањата на СОНК. Ова е заклучокот од денешниот состанок меѓу претставниците на СОНК и Владата, од каде соопштуваат дека
Владата е отворена за континуиран дијалог со цел изнаоѓање одржливи и системски решенија кои ќе постават рамка која ќе го заштити стандардот и интегритетот на наставниот кадар, а со акцент на стартната позиција врзана со социјалниот статус на вработените во воспитно-образовниот систем како основ за понатамошните разговори.
На средбата со преставниците од СОНК бил премиерот Ковачевски, заменик-претседателот во Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за образование Јетон Шакири и министерот за финансии Фатмир Бесими.
Членството од регионите на Синдикатот се изјасни за генерален штрајк доколку не се исполнат нивните барања. СОНК бара усогласување на платите во образованието со миниманата плата, која од овој месец се зголемува од 15.200 на 18.000 денари и дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефицинетите на сложеност на работни места.
СОНК бара корекции на платите и за вработените во градинките, како и усогласување со минималната плата во високото образование и за вработените во ученичките и студентските домови.
