Украинските сили објавија дека рускиот десантен брод што го уништија во драматичен напад вчераутро бил бродот Саратов, а не Орск, како што беше претходно објавено.
„Според ажурираните информации, големиот десантен брод Саратов е уништен при нападот на окупираното пристаниште Бердјанск. Големите десантни бродови на Цезар Куников и Новочеркаск беа оштетени“, се вели во извештајот објавен неодамна од Генералштабот на вооружените сили на Украина.
„Наместо непријателскиот десантен брод Орск, уништен е големиот непријателски десантен брод Саратов, а оштетени се уште два големи десантни брода – Новочеркаск и Цезар Куников“, изјави Антун Герашченко.
„Во Саратов се уништени 20 тенкови, 45 оклопни транспортери и 400 луѓе“, додаде Герашченко.
Рускиот брод превезувал оружје и материјали за силите кои се борат во Мариупол до пристаништето Бердјанск. Драматични слики од оган и црн чад беа објавени вчера откако украински балистички проектили погодија брод што се закотви во пристаништето на Азовското Море.
