Вести Свет Топ вести

Зеленски до НАТО: Зарем нашата борба не покажува колку ги исполнуваме НАТО стандардите?! (видео)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати на самитот на НАТО , повикувајќи ја Алијансата да и даде поголема воена помош на Украина во војната против Русија.

  • Имате најмалку 20.000 тенкови. Украина побара еден процент од сите ваши тенкови. Дајте ни или продадете ни. Но, сè уште немаме јасен одговор. Најлошото нешто за време на војната е немањето јасни одговори на барањата за помош, рече Зеленски.

Додаде дека Русија утринава гранатирала со фосфорни бомби и убиени се стари луѓе и деца.

  • Сигрен сум дека знаете дека Русија нема да запре со Украина, и ќе продолжи кон источните членки на НАТО, предупреди Зеленски.

Зборувајќи од Киев преку видео повик, Зеленскиј рече дека Украина ја покажала силата на својата армија и дека НАТО треба да покаже дека тоа е навистина најмоќната одбранбена унија во светот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализира“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Апел на градоначалникот Лимани до гостиварци: Останете смирени и почитувајте ја привремената забрана за пиење на водата од градскиот водовод

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе