Вести Свет

Каспаров: Путин ќе употреби нуклеарно оружје само во еден случај

Гери Каспаров, познат шаховски велемајстор, продемократски активист и еден од лидерите на руската опозиција, денеска на Твитер објави напис за можната руска употреба на нуклеарно оружје.

Вчера портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, не сакаше да ја исклучи можноста од руска употреба на нуклеарно оружје, но рече дека Русија ќе се одлучи за таков потег само доколку тоа е „егзистенцијално загрозено“.

Каспаров утрово на Твитер ја коментираше идејата за руска употреба на нуклеарно оружје.

„Единствениот ризик од употребата на нуклеарно оружје од страна на Путин во Украина е ако тој и неговите поданици се сигурни дека нема да има одговор. Секој командант на руска подморница треба да знае дека веднаш ќе биде елиминиран доколку се пука со такво оружје“, напиша Каспаров.

 

„Или можеби тоа би било преголема „ескалација“, уништување на подморница што истрела нуклеарна ракета кон Украина? Иронично се прашуваше Каспаров, кој го критикуваше Западот од почетокот на војната во Украина поради страв дека ќе биде поактивно вклучен во борбата против агресијата на Путин против Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе