Вести Свет

Бајден денеска пристигнува во Европа, а во петок ќе оди во Полска

Американскиот претседател Џо Бајден денеска пристигнува во Европа, а неговата прва станица е Брисел.

Се очекува да објави нови санкции кон Русија од европско тло

Се очекува Бајден да учествува на разговорите со лидерите на НАТО и Г7, на кои ќе присуствува и премиерот Борис Џонсон.

Во петок оди во Варшава

Белата куќа објави дека Бајден во петок ќе отпатува за Полска за да разговара за украинската криза со претседателот Анджеј Дуда во Варшава.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека Бајден ќе отпатува во Полска во петок за да разговара за меѓународниот одговор на „хуманитарната криза и кризата за човекови права создадена од неоправданата и неиспровоцирана војна на Русија против Украина“.

Повеќе од два милиони бегалци влегоа во Полска од Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе