Украинските медиуми објавија дека во Чернихив, град во северна Украина, руските сили привеле пет локални функционери.
На интернет-страницата на украинскиот Парламент е објавено дека руските сили го уапсиле началникот на две села и еден локален советник, како и дека се киднапирани двајца функционери на локалната власт.
Во меѓувреме, во источна Украина, руските сили киднапирале началник на селото во Харков.
Московскиот таблоид поврзан со Кремљ, „Комсомолскаја правда“ објави дека при инвазијата врз Украина убиени се 9.861 руски војник биле убиени, а повредени се 16.153.
„Комсомолскаја правда“ се повика на руското Министерство за одбрана, иако Министерството јавно не ги објави таквите податоци.
Според последните официјални податоци објавени од Русија, до 2 март биле убиени 498 војници.
