Вести Македонија

Плацот го купив за 110 милиони денари и не може да го користам-Самсоненко на суд како сведок во „Плацеви на Водно“

Рускиот бизнисмен и почесен конзул на Русија во Битола, Сергеј Самсонеко сведочеше на денешното рочиште за случајот „Плацови на Водно”. Тој посочи дека неговата сопруга е сопственик на фирмата „Лајв кер центар“, која го поседува плацот од 10.000 квадратни метри, купен од Јордан Камчев.

– Камчев ми ги предложи овој плац, се договоривме 2017 или 2018 година. Го платив 110 милиони денари. Уште нема пат, има блокада, ги трпам штетите од блокадата. Не можам да го продадам, ниту да го дадам под закуп, изјави Самсоненко, кој беше сослушан по предлог на обвинетиот Камчев, пренесува МИА.

Следното рочиште за овој предмет е предвидено за давање одбрана од страна на обвинетите.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението за случајот „Плацови на Водно“, поранешниот премиер Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

Обвинение за Плацеви на Водно, обвинет и бегалецот Никола Груевски, а за Орце Камчев се бара нов притвор

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе