Поддршка за европската перспектива на Македонија, изразува премиерот на Бугарија Кирил Петков, но потребно е, прво да се решат одредени прашања, како што е почитување на правата на Бугарите во Македонија.
Тој во интервјуто за грчкиот весник „Катимерини“, вели дека Бугарија не е против европскиот пат на Македонија, но приоритетно е да се решат правата на Бугарите, со гаранции во рамките на Уставот. Имаме план и многу добра комуникација со Владата на Северна Македонија и се надеваме дека брзо ќе одиме напред, рече бугарскиот премиер.
