Култура

На неолитската населба Влахо потврден живот од пред 8000 години

Објавен е научен труд за археолошкиот локалитет Влахо кај Живојно  во Пелагонија. Трудот е поврзан со минатогодишното истражување на овој предисториски локалитет и е публикуван во списанието Патримониум. Во него се сумирани резултатите од мултидисциплинарните истражувања кои се дел од континуираната соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата и Завод и музеј – Битола, во која учествуваат врвни стручњаци и студенти од Универзитетот во Базел, Германскиот археолошки институт, Универзитетот во Белград, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Гоце Делчев“.

Трудот е концентриран на извонредните сознанија добиени од првите мултидисциплинарни проучувања на неолитската населба Влахо кај Живојно, на која се вршеше ископување, систематско рекогносцирање, археоботанички, археозоолошки и радиокарбон анализи. Истражувањата потврдија дека станува збор за една од најголемите неолитски населби во Македонија, во која која се живеело пред околу 8000 години и тоа во долг континуитет, што го покажуваат и повеќето архитектонски слоеви.

 Архитектонските остатоци посочуваат на постоење мноштво куќи градени од лепеж и глинест малтер, кои во текот од неколку стотици години биле подигнати едни врз други и тоа во најмалку седум фази. Во нив се откриени фрагменти од одлично изработена керамика, декорирана со бело сликани орнаменти, како и фигурини, жртвеници, модели на куќи и повеќе видови камени и коскени алатки. Тие упатуват на динамичниот економски и духовен живот на едни од првите земјоделски популации што ја населиле Пелагонија околу 6000 години п.н.е. Тоа го потврдуваат и бројните органски остатоци кои се резултат на конзумирањето разни житарици и шумски плодови, како и на исхраната со домашни и диви животни.

 Со публикувањето на овој труд се афирмираат исклучително ретките сознанија за неолитските населби на падините на пелагониските планини. Воедно, овој труд претставува и обид да се презентира и популаризира непознатото предисториско културно наследство во Македонија, кое изобилува со уникатни уметнички и технички одблесоци.

Пристапот кон овој труд е слободен и тој може да се преземе на следниот линк:

http://www.kalamus.com.mk/pdf_spisanija/patrimonium_14/001_2%20=%20024%20Goce%20Naumov%20-%20Patrimonium%202021%20WEB.pdf

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Дејан Дејан

Со отворањето на изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“ започнува деветтото издание на КРИК

Дејан Дејан

Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе