Вести Ковид19 Македонија

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во минатите 7 дена се намалил за 55.9% во споредба со претходната седмица

Според неделниот извештај на центарот за јавно здравје, во текот на минатата недела, од 14-ти до 20-ти март, во Македонија се регистрирани 1 834 ново заразени со Ковид-19, што претставува минимално зголемување од 0,9% во однос на минатата недела.

Процентот на позитивни тестови во овој период се движи од 6,6% до 14,2%, при што во просек позитивни се 11,4% од тестираните.

Најголем дел од новозаразените се во Скопје, додека највисока недела инциденца има во Кавадарци и Скопје.

Од новозаразените луѓе, најголем дел се на возраст над 60 години (24,6%), додека најмалку има кај возрасната група од 0 – 9 години (3,4%).

Најголем пораст на бројот на новозаразени , (од 19,5%) има во возрасната група од 40 до 49 години и 14,5% во возрасната група од 20 до 29 години.

Од вкупниот број ново заразени со Ковид-19, пријавени се 309 реинфекции, што претставува зголемување од 15,7% во однос на претходната недела.

Минатите 7 дена пријавени се 15 смртни случаи во 9 градови, што претставува намалување од 55,9% во однос на претходната недела.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе