Литванија, Летонија и Естонија протераа десет руски дипломати, објавија министерствата за надворешни работи на трите балтички земји речиси истовремено кога и Бугарија објави дека протерала десетмина руски дипломати. Литванија протерала четворица дипломати, а Летонија и Естонија по тројца.
Словачка, исто така, денеска прогласи за „персона нон грата“ тројца руски дипломати и побара од нив да ја напуштат земјата во рок од 72 часа, соопшти словачкото Министерство за надворешни работи.
Бугарското министерство за надворешни работи објави претходно денес дека десетте руски дипломати ги прогласило за непожелни и дека имаат 72 часа да ја напуштат земјата бидејќи се бавеле со активности кои не се во согласност со нивниот дипломатски статус.
