Вести Свет Топ вести

Бомбардиран театарот во Мариупол каде се кријат цивили, Русија демантира

Руските сили го бомбардираа театараот во мариупол, каде се криеле 1.200-те цивили, јавува Би Би Си, повикувајќи се на јавување од заменик градоначалникот Серхеј Орлов.

Тој вели дека во најновото гранатирање сигурно има и жртви, но точната бројка засега не може да се потврди. Фотографијата која Орлов ја објави на својот Фејсбук профил подоцна беше потврдено од би би си дека е автентична. Руското министерство за одбрана ги отфрли обвинувањата дека цел на напад била зградата на театарот во која биле сместени стотици цивили.

Мариупол е опколен од руските сили, а околу 300.000 се заробени без вода, струја или гас. Храната и медицинските резерви се при крај, а Русија не дозволи испорака на хуманитарна помош.

Градот е под постојано руско гранатирање од почетокот на војната, а цели населби се претворени во пустош. Минатата недела во напад на болница загинаа петмина.

Орлов, исто така, рече дека Русија нападнала конвој со цивили кои тргнале од Мариупол на пат кон градот запорожје, при што раниле пет цивили, меѓу кои и едно дете.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Едниот за спас на изборите, другиот за мнозинство во Собранието – Ковачевски и Мицкоски бараат масовен одзив на изборите

Дејан Дејан

Агим Красниќи, брат му и уште двајца од кондовската група на меѓународна потерница – МВР доби известување од косовската полиција

Дејан Дејан

Израел ја згасна Ал Џазира – заплена на техничката опрема, симнување од понудата на кабелските оператори и сателити, под блок и порталот на катарскиот медиум

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе