Вести Свет

Мицотакис соопшти пакет мерки од 1,1 милијарди евра за 3,2 милиони граѓани

Мерки во висина од 1,1 милијарди евра што ќе опфатат 3,2 милиони граѓани од ранливите категории, но и домаќинства со приходи до 30.000 евра годишно, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата телевизиска порака до граѓаните.

Мицотакис рече дека станува збор за мерки насочени кон најслабата и средната класа, а министрите за финансии, енергија и земјоделство, утре, детално ќе ја претстават тримесечната програма на Владата за поддршка на граѓаните.

Прилагодувањата ги покриваат сите фронтови на поскапувањата: стимулирање на приходите со вонреден додаток за оние со ниски примања и ниски пензии. Поддршка на семејства со деца, кои сега имаат најмногу трошоци. Храбрата субвенција на сметките за струја. Но и делумната апсорпција на зголемувањата на цените на горивата со покривање 180 литри за возилата. А се комбинираат со посебните грижи за земјоделците и малите и средни претпријатија, кои се особено погодени од зголемувањето на електричната енергија, рече Мицотакис.

Објасни дека мерките „им служат на два принципи“: не важат за сите, туку се насочени со посебен акцент на поддршката на најслабите и се усогласени со претпазливата фискална политика на Владата, односно „мерки измерени според реалноста“.

Грчкиот премиер, со оглед на тоа дека е позитивен на Ковид-19 и од завчера е во изолација, на граѓаните им се обрати од неговиот дом.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предложи нов министер за одбрана – протестите заради смената на Федоров не запираат

Kristina Kuzmanovski

Савевски: Обвинителството ќе одлучи дали ќе вложи жалба на ослободителната пресуда за Талир2 по писмената верзија на пресудата

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Словенецот Винчиќ ќе го суди финалето Шпанија-Аргентина на СП, се расплака кога го известија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе