Вести Економија Македонија Топ вести

Од март 2020 година до сега државните институции набавиле 142 патнички возила – најскапото од нив е купено за 47 илјади евра

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажува дека се набавени нови 142 патнички возила за 3 милиони и 609 илјади евра од страна на 42 државни институции и тоа во периодот  од март 2020 па до сега.

Најмногу патнички возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи на Владата, која доскорешните „Пасати“ ги замени со 45 нови „Шкода Суперб Амбишн“.

Дури на 83 % од тендерите имало само по една понуда. Повеќе од 40 % од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра.

Трите најскапо платени возила се „Шкода Суперб ФЛ“ од 47 илјади евра и „Мерцедес Це 180“ од 44 илјади евра – и двете на Државата видеолотарија, а на трето место е „Хјундаи Сонада“ на Агенцијата за електронски комуникации по цена од 43 илјади евра.

Меѓу марките возила, се чини дека и натаму омилена марка на функционерите е „Шкода“ која со 60 возила води на листата, како и претходните години. Долгогодишното второ место на „Фолксваген“ му го презема „Фиат“ од кој се набавени 25 возила, а на трето место со 13 возила сега е „Ситроен“..

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лондон е против трговска војна со САД, Берлин и Париз бараат одлучен одговор од ЕУ

Дејан Дејан

Судот во БиХ распиша меѓународна потерница за Додик – се чека одобрување од Европол во Лион

Дејан Дејан

Нов чекор на Ереван за оддалечување од Москва – парламентот на Ерменија гласаше за членство во ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе