Вести Македонија

Рашковски : Обвинението не го разбирам правно и не сум виновен. Барам реконструкција

„Вина апсолутно не чувствувам,“ се првите зборови на Рашковски на почетокот на судењето против него за злоупотреба за службената положба и перење пари кои се однесуваат на набавки поврзани со софтверот за сообраќајни прекршоци и за биометриска идентификација. Софтверот набавен за 80 илјади евра работи и тоа ќе го докажеме му порача Рашковски на судечкиот совет во воведните зборови.

„Семантички го разбирам обвинението, но како правен акт не го разбирам. Вина апсолутно не чувствувам. Ајде да направиме реконструкција да видиме далие софтверот не функционира,“ рече рашковски во воведните зборови

Неговото изјаснување за вина следуваше откако обвинителката Вилма Русковска порача во судот дека во оваа постапка преку докази ќе го увери судот дека обвинетиот Драги Рашковски нерационално и непродуктивно ги трошел народните пари за софтвер, камери, кабини коишто дел не се наоѓаат во просториите на Владата и никој нема објаснување дали било потребно да се набават. Ќе докажеме дека ја злоупотребил положбата за свои лични материјални цели, заклучи Русковска во воедните зборови.

Тој повторно го оспоруваше форензичкото вештачење направено од МВР, најави интересно судење, а побара од судот и проектор или телевизор, за презентирање на доказите. За останатите шест обвинети рече дека не може да ја објасни поврзаноста со нив и не му е јасно зошто тие се на обвинителна клупа иако и тие како него се изјаснија дека не се виновни и не го разбираат обвинението.

Павле Беловски 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе