Вести Македонија Топ вести

ЕУ не може да вети датум за почеток на преговори со Македонија

Македонија денеска доби пофалба од Европската унија за следење на нејзината политика и санкците кон Русија по нејзината инвазија врз Украина, но војната и нејзините импликации врз регионот не се доволни за таа да добие ветување од Унијата дека во јуни конечно ќе добие датум за преговори. Она што земјава денеска го добие е уште едно во низата уверување од Унијата дека таа за неа е приоритет и има волја преговорите да се случат најбрзо што е можно, но упатувајќи ја земјава повторно на адреса на Бугарија.

„Постои проблем и знаете кој е тој проблем и се обидуваме да го решиме со помош на сите наши капацитети за наговарање и уверување. И секако разговараме со Бугарија и ќе продолжиме да разговарме додека не се разреши ова прашање. Исто така повторувам, дека билатералните прашања не смеат да загрозуваат ниту еден процес на проширување, дури и да се засноваат на етничко-лингвистички согледувања. Тоа е нашата заложба. Не можам да ви ветам датум, меѓутоа можам да ви ветам волја, а каде има волја има и начин“, изјави Борел

Тој притоа позитивно ја оцени комуникацијата меѓу владите во Скопје и Софија велејќи дека гледа волја и од двете страни прашањето да се затвори.

Од македонска страна на Борел денеска му било укажано дека владата прави се, заедно со владата ви Бугарија, да се надминат предизвиците и да се постигне решение, но му беше врачено и директно и јасно барање – Македонија да има кристално јасна европска перспектива.

Освен Ковачевски, порака да итно деблокирање пристапниот процес на земјава на Борел утрово му упатил и шефот на државата Стево Пендаровски кој на средбата со Борел ја оценил како неодржлива понатамошната блокада на Македонија која се докажала како кредибилен партнер на Унијата.

Боирел кој денеска допатува во Македонија да ја пренесе политичката порака од Брисел дека и покрај големата безбедносна и економска криза со која се соочува Унијата таа не го заборавила регионот и неговите апсирации, освен со државниот врв се сретна и со лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Хрситијан Мицкоски. Борел денеска од Скопје ќе ја посети тирана, па потоа Сараево.

Тамара Грнчароска 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки

Дејан Дејан

Врховен во четврток со втора јавна седница по жалбата на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања

Дејан Дејан

ДИК: Мирен изборен ден, гласаа 94 отсто од болните и изнемоштени лица, до 17 часот и над 50 отсто од пријавените во дијаспората

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе