Јосеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика доаѓа во понеделник во Скопје а потоа оди во Тирана и Сараево.
Борел ќе има средби со македонскиот државен врв, со Претседателот Пендаровски, Премиерот Ковачевски, заменик премиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, Министерската за одбрана, Славјанка Петровска, како и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и лидерите на парламентарните групи.
„Посетата ќе ја потврди посветеноста и поддршката на ЕУ за регионот, како во поглед на руската војна против Украина и нејзините импликации за безбедноста на Европа како целина“ – соопштија од ЕК.
