Цената на нафтените деривати денеска нема да се менува бидејќи не се исполнети условите за тоа, потврдија од регулаторната комисија за енергетика.
Што се однесува до предложените законски измени, кои се во собраниска процедура, од РКЕ велат дека во моментот кога измените на законот за акциза стапат во сила, односно штом Собранието ги донесе и се објават во службен весник, комисијата веднаш ќе одржи главна седница, на која ќе биде донесена одлука за највисоки малопродажни цени на нафтените деривати, во која соодветно ќе биде инкорпорирана новата акциза, односно ќе биде донесена нова одлука.
