Вести Македонија

Мачен и несоодветен е транспортот до центрите за дијализа реагираат пациентите

Мачен и недостоинствен е транспортот до дијализните центри, регираат дел од пациентите на дијализа.

Стојанче Стојановиќ кој веќе три години е на дијализа вели дека комбето во кое се вози  до Центарот за дијализа не ги исполнува условите доколку се има предвод здравствената состојба во која се наоѓа.

„Се возевме со такси, сега промениjа. Комбињата воопшто не одговараат за превоз. Еве сега дојдов со комбе малтене се возев во багажник. Во комбето нема никаква амортизација, позади во багажникот јас сум ситен човек и згрчен замислете покрупен човек. За здрав човек не е, немааат ни амортизација ни ништо.  Се возиме шест луѓе во комбе како сардини. Стиснати болни луѓе“ – вели Стојанче Стојановиќ.

До сега собрале над 50 потписи и реагираат до надлежните институции, Народниот правобранител и Министерството за здравство, но за сега молк. Бараат да се организира превоз со такси, доколку се има предвид нивната здравствена состојба и проблемите со кои се соочуваат веќе една година.

„Се бориме да ни го вратат такси превозот, да се враќаме дома во нормално време, за да си легнеме и да се одмориме. Еве гледате чекаме пола саат, 40 минути, саат време чекаме, за да дојде превозот.  Сите што сме од различни места да ги почекаме да се исклучат и потоа ќе дојде комбето да не собере и се возиме низ цело Скопје“ – тври Валентина Зориќ.

Превозот на пациентите се одвива комбинирано со комбе и со такси веќе 8 години, во зависност од логистиката и временскиот период, бројот на пациенти и релациите, велат од  Центарот за дијализа „Диаверум“ .

За квалитетот на превозот со комбиња велат дека се е во законски рамки и функционираат со дозвола истите да се употребуваат.

„Договорната обврска со Министерството за здравство е ние да ги собираме пациентите од збирно место во општината, но бидејќи сме свесни дека тоа е тешко за пациентите направивме напори и пациентите се земаат од сопствениот дом и се враќаат во сопствениот дом. Обврската кон Министерство за здравство ја исполнуваме и повеќе од она што ни е договорено. Секогаш во интерес на пациентите, за нивно добро и нивна грижа“ – тврди Фросина Гогоска од центарот за дијализа Диаверум.

Во меѓувреме превозот е со редуциран капацитет, доколку се има предвид пандемијата со Ковид 19 и пациентите кои се позитивни и суспектни се транспортираат посебно, додаваат од Центарот за дијализа „Диаверум“.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе