За жал прецизно како што ја предвидоа војната, американските разузнавачки служби немаат јасен податок кога ќе заврши, можно е наскоро Русија да нападне одеднаш неколку градови и да се примени сценариото на Алепо во Сирија, или на Грозни во Чеченија, што значи да се срамнат со земја со стотици илјади жртви. Тоа е сценарио кое никој не го сака.
Според мене очигледно е дека врз рускиот претседател Путин никој нема контрола. Мала надеж ми дава иницијативата на израелскиот премиер Нафтали Бенет, кој отиде во Москва и иако информациите што ни ги дадоа се „шкрти“ сепак има најава дека е можно да се промени нешто, вели пенаровски, но никој не може да влезе во главата на Путин чии главни цели се како што и самиот рече денацификација на Украина, вели Пендаровски.
