Уште една седмица неизвесност кој ќе ги пополни петте места во одделнието на Вилма Русковска во борбата против организиран криминал. И денешниот обид своетот на јавни обвинители да се собере и избере пет од десетмина пријавени кандидати пропадна. Тројца члнови на советот не влегоа во салата. Иако седницата е закажана однапред а членовите известени, еден дошол и без објаснување си заминал, додека државниот обвинител Љубомир Јовевски заглавил на промотиен настан.
Рок за избор нема, но нема ниту волја да се изберат обвинители во најважното обвинителско одделение освен кај претседателот на советот. Антонио Јолевски отфрла политички притисоци.
Дека некој калкулира меѓусебно се обвинија и Јолевски и Русковска, бидејќи Русковска за петте кандидати кои веќе работат кај неа а одново конкурираат дала пониски оценки додека позитивно се изјаснила само за еден кандидат по што следеа приговори и жалби и ново реоценување.
Таа, пак, реагираше дека несосновано и го враќаат оценувањето назад. Додека изборот минува нови епизоди, обвинителите чијшто мандат истече на почетокот на годината не можат да ги бранат своите обвиненија на судските рочишта, а се одложуваат и судски процеси.
Освен постојните петммина кои што се кандидираа одново, во борба за место во ова обвинителство се и поранешната обвинителка од СЈО Елизабета Јосифовска, но и гостиварскиот обвинител кој се спогоди со причинителот за сообраќајната несреќа кај Стража, Зоран Милевски Кичеец на 6 месеци и го водеше случајот со прегазениот полицаец Ѓурчиноски за кој виновникот доби една година затвор, а овој обвинител не ја обжали пресудата. Но, кој ќе продолжи во ОЈО ГОК ќе се знае во новиот обид за избор наредниот четврток.
Павле Беловски
