Вести Македонија Топ вести

Запален автомобилот на сопругата на поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов

Утрово четири автомобили во Скопје беа опожарени, меѓу кои и возилото на  сопругата на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

Причните сеуште не се познати за опожарувањето на автомобилите.

„На 09.03.2022 во 03,20 часот било пријавено дека на ул. „Петре Пирузе“ во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш.. Од пожарот зафатени биле и патнички моторни возила „пасат“, „матиз“ и „нисан“ со скопски регистарски ознаки, сите сопственост на Д.М. (53). Се врши увид и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Поранешниот градоначалник Шилегов за Телма го потврди настанот.

„Беше некаде околу три часот кога слушнавме како пукаат гумите на опожарените возила. Станува збор за возилата на сопругата и на соседот. Веднаш повикавме Пожарна и среќа што немаше поголема штета и ниту еден објект не беше зафатен. Полицијата беше на лице место и беше направен увид, па ќе ги почекаме официјалните информации. Јас засега немам никакви индиции, ниту пак сомнежи дека пожарот можеби е подметнат од некого.“ – изјави телефонски поранешниот градоначалник Шилегов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе