Вести Македонија Топ вести

Македонците кои сакаат, можат  да примат Украинци во своите домови

Украинската амбасада, денеска ги повика Македонците кои сакаат и имаат можност да понудат бесплатно сместување на украински бегалци во своите домови, да го сторат тоа преку веб страницата Прихисток https://prykhystok.in.ua/. Оваа,  официјална страница,  може да им помогне и на Украинците кои пристигнаа во земјава и бараат место за живеење, но и на македонските граѓани  кои сакаат со домување да им помогнат на жените и децата кои бегаат од војната.

На оваа страница можете да објавите информации за населените места, бројот на слободни места и контакти, на кои можете да понудите или да најдете бесплатно сместување.

Тоа е удобен и докажан сервис кој помага да се координираат напорите на оние кои бараат помош и оние кои можат да ја обезбедат, велат од амбасада на Украина во Македонија.

Слични веб страници на кои бегалците се поврзуваат со потенцијални домаќини се отвораат низ цела Европа. Креаторите на слична таква платформа, EU4UA.org , тврдат дека во ЕУ има 11 милиони празни станови или куќи, а и многу семејства имаат резервни спални соби. Оваа алатка едноставно треба да усогласи две популации кои не би можеле да се сретнат без едноставна и ефикасна платформа.

Шефот на УНХЦР, Филипо Гранди, денеска изјави дека бројот на луѓе кои ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија веројатно сега достигнал 2 милиони и двесте илјади луѓе.Вели дека сега е време да им се помогне на границата, наместо да се разговара за поделба на бегалците меѓу земјите. Додаде дека особено Молдавија, која не е членка на ЕУ е многу ранлива во сегашната ситуација.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе