Вести Македонија

Основните продукти без ДДВ, горивата со помали акцизи, но откако ќе ги изгласа Собранието

Со 26 мерки владата ќе ја олеснува економската криза и ценовниот шок предизвикан од поскапувањето на енергенсите. Пакетот мерки предвидува нула ДДВ за лебот, шеќерот, брашното тип-400, зејтинот од сончоглед, трајното млеко, свежото месо, оризот и јајцата. Останува и замрзната маржата за основните производи, освен за овошјето и зеленчукот за кои оваа мерка која стапи на сила на 1 март, се укинува.

„Предвидуваме субвенции односно ваучери за најранливите категории на граѓани за основни производи за исхрана.Тоа се ваучери во вредност од 1.000 денари месечно, за период од три месеци за околу 35.000 граѓани. Истите би се користеле за купување на основни производи. Ги субвенционираме пензионерите. Субвенциите за пензионери се во вредност од 1.000 денари за 3 месеци или вкупно 3.000 денари кои би се користеле за купување на основните производи“, изјави Димитар Ковачевски, премиерот на Владата.

Освен помош за граѓаните за основните производи владата донесе одлука ДДВ-то за струјата цела година да се задржи на 5%, а ќе се воведува и нова методологија за пресметување чинење на струјата која ќе ја намали нејзината цена. Ако за струјата се задржи сегашната стапка на ДДВ, тоа ќе се намали за горивата од 18 на 10 проценти.

„Ја намалуваме акцизата врз основа на берзанските цени. Намалување на акцизата за  1, односно 2, односно 4 денари по литар на безоловниот бензин, дизелот, екстра лесно масло за греење. Дизелот наместо 85, 5 денари би се намалил за 10,5 денари и би изнесувал 75 денари. Бензин наместо 91,5 денари би се намалил околу 11,5 денари и би изнесувал 80 денари“, изјави Ковачевски.

Сепак граѓаните на намалувањето на ДДВ-то и акцизите за да поевтинат храната и горивата ќе почекаат тие да бидат усвоени како законски измени во Собранието. Државата за намалување на економската криза ги укина и царинските давачки за увозот на основните прехранбени производи од сите земји, а од ДДВ го ослободи и увозот на природен гас, како и електрична и топлинска енергија.

Сет мерки се донесени и за помош на стопанството во вид на кредитни линии и субвенции.

Презентирајќи ги мерките тешки 400 милиони евра Ковачевски ги повика на штедење и граѓаните, но и институциите со рационализација на трошењето.

„И тука јас само не би се ограничил само на ограничување на користењето на службени возила, туку намалување на трошоци за репрезентација, намалување на трошоци за службени патувања и други трошоци без кои што се може во услови на вкава голема светска економска криза“, рече Ковачевски.

Владините претставници денеска уверуваа дека буџетот е ликвиден и стабилен и може да ги издржи мерките, а и дека держават има доволно стокови резерви на жито, храна, гориво, енергенси.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе